Нема зима за Келце, донираат и свештеници и поранешни играчи

Екипата на Келце се соочи со големи проблеми околу финансиите за следната сезона, па беше спроведена акција за донирање и пополнување на финансиската конструкција за шампионатот којшто следува. За таа цел се јавија и поголем број на поранешни ракометари кои донираат, а меѓу оние кои уплатиле средства се и свештеници од манастирот во Келце, Палотинов.

Ова е прва ваква акција во постоењето на клубот.Се чинеше дека дојде крајот на ерата на Келце, но поранешните играчи се обидоа заедно со навивачите да се изборат за опстојување на тимот и за собирање на потребните средства.

Во акцијата беа прикчучени и Мариуш Јурасик, Гжегож Ткачик, поранешниот тренер на Келце, Богдан Вента, како и актуелниот играч Аркадиуш Морито. На списокот се и поранечните играчи Филип Ивиќ и Тобијас Рајхман.

Меѓу оние кои уплатиле средства е и претседатеот на Стал Милек, кој уплатил 5.000 злоти. На листата се и свештеници од манастирот во Келце кои исто така се ангажираа за опстанок на клубот.