Нема зима за Данска и Норвешка, Хансен и Сагосен распалија пред СП

На Мундијалот кој стартува в среда вкупно 32 репрезентации ќе се борат за место до самата завршница, а две од земјите кои се кандидати за највисок пласман се и Данска и Норвешка кои на втората меѓусебна пресметка одиграа 36:34. Победата им припадна на Норвежаните кои славеа како гости.

За разлика од првиот натпревар овој пат имаше многу повеќе погодоци, а повторно до победа дојдоа гостите. Данска славеше во четвртокот со 31:28 на гостувањето во Норвешка.

На оваа средба во одлична форма се покажаа главните ѕвезди на двете репрезентации. Сандер Сагосен од Норвешка и Микел Хансен од Данска по десетпати ги матираа противничките голмани со што им ставија до знаење на селекторите дека се во одлична форма пред Мундијалот.

Во составот на Данска, Јакобсен беше втор стрелец со пет гола, додека во Норвешка Рајнкинд погоди седумпати.