Нема да се бричат додека не ја освојат титулата

Македонскиот интернацоналец Никола Костески и неговите соиграчи со Талент Плзен се пласираа во финалната серија од плеј-офот за титула во Чешка.

Костески и колегите уште по крајот на четвртфиналната серија со Брно решија да не ги бричат брадите се додека трае битката за титулата.

Плзен со 3-0 во победи го елиминира Брно, потоа во полуфиналната серија беше подобар од Робе Жубри со 3-1 во победи.

Најтешкото допрва доаѓа во финалето, кога Костески и неговите соиграчи ќе се соочат со Бањик Карвина.

Првиот меч е на 7 мај, вториот на 10 мај, додека третиот е закажан на теренот на Плзен на 14 мај. Но серијата веројатно нема да заврши на три меча, па Костески и колегите ќе останат уште долго време небричени.