Нема да биде дел од националниот тим на ЕП поради работни обврски!

Менаџерот на машката сениорска репрезентација на Шведска, Тобиас Карлсон нема да биде дел од шведската делегација на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.

Поранешната ѕвезда на Шведска поради деловни обврски нема да може да отпатува за Словачка, каде што Швеѓаните ќе ја стартуваат првата фаза од Европското првенство.

Карлсон, кој во својата богата кариера настапуваше и за ракометните гиганти, Кил и Фленсбург, освен со ракомет, се занимава и со професионална работа, односно работи како консултант во една компанија во Шведска.

Компанијата на екс репрезентативецот на Шведска не му дозволила да замине на Европското првенство, кое ќе стартува на 13 јануари.

Швеѓаните на Европското првенство се наоѓаат во Групата Е заедно со селекциите на Шпанија, Чешка и Босна и Херцеговина.