„Немам проблем од патики да се префрлам на штикли“

Кристина Пркачин е хрватска репрезентативка која има 22 години и е една од ракометарките кои треба да бидат иднината на Хрватска. Таа настапува во домашното првенство во екипата на Локомотива.

Откако Марина Главан замина на породилно отсуство, а Лариса Калаус подолго време е надвор од терените заради повреди, Пркачин започна да игра во првата постава на Локомотива. Кристина во детството се обидела во повеќе спортови но изборот паднал на ракометот.

„Се испробав во повеќе спортови, гимнастика, пливање, атлетика и одбојка, но на крајот ракометот пресуди. Ми се допадна тимската игра и динамичноста, релативно доцна започнав да играм ракомет, на 15 години па и тука останав. Сè се случуваше многу брзо. За Загреб се одлучив заради факултетот и бидејќи ракометот таму е најквалитетен во земјата.

Пркачин во Загреб живее со нејзината сестра, а најголемиот дел од времето го поминува во дружење со колешките од екипата. Исто така сака да оди во кино и да поминува време во природа, а иако е спортски тип не и е проблем да го промени стилот на облекување.

„Со девојките од клубот и надвор од теренот сме одлична екипа. Сакам да одам во кино и се обидувам да поминувам подолго време во природа. Секако дека постои онаа друга страна освен спортската облека. Се средувам за различни пригоди, не ми е тешко да ја променам рутината и стилот на облекување. Немам проблем од патики да се префрлам во штикли“, рече Пркачин.