„Немаа храброст да ми дадат отказ лично, туку ме сменија преку телефон“

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Франција, Дидие Динар за „Лекип“ зборуваше за неговото заминување од функцијата по Европското првенство во јануари.

И покрај тоа што Динар имал несогласувања со играчите, особено со искусните Никола Карабатиќ и Лук Абало, тој одбива да ги критикува, но не може да сфати зошто на таков начин беше сменет од слекторската позиција.

„Пет месеци подоцна сè уште немам целосно објаснување за отказот. Не ја разбирам одлуката за вакво разрешување без објаснување од раководството. Кога мојот асистент Гијом Жил ми се јави и ми рече дека треба да заминам доживеав шок. Три секунди едноставно бев вкочанет. Претходно, претставникот на репрезентацијата Филип Бана на телевизија зборуваше дека моето селектроско место е сигурно“, коментираше Динар.

Динар исто така најави дека на претстојните избори за претседател на француската ракометна федерација ќе го поддржи кандидатот Оливие Жиро, а во исто време е голем противник на Филип Бана за кој како што вели нема храброст да му даде отказ во лице.

Тој беше сменет после првиот неуспех на кормилото на репрезентацијата на Франција на Европското првенство во јануари, додека претходно бележеше одлични резултати и постојано освојуваше медали на големите натпреварувања.