Немаа можност за море, но затоа се собраа на езерото Балатон (ФОТО)

Ракометарките на Ѓер го означија почетокот на подготовките за новата сезона со заедничко дружење на езерото Балатон.

Девојките кои и сезонава влагаат како главни кандидатки за освојување на титулата во Лигата на шампионите имаа интересно дружење.

Иако на фотографијата се покрај езеро, сепак, имаше и работа така што почнаа со тренинзите, а искористија можност и да се искапат.