Немаат пораз на 75 натпревари дома, коронавирусот ги спречи да имаат повеќе

Цели шест години или шест сезони по ред екипата на Подравка, која е шампион на Хрватска нема загубено натпревар на домашен терен, а прекинот на првенството поради коронавирусот го спречи овој тим да забележи уште поголем број на победи во продолжението на сезоната.

Според бројките тимот на Подравка има 75 победи на домашен терен, а последен пат во Копривница успеал да слави тимот на Локомотива во сезоната 2013/14 и тоа во 5. коло од сезоната. Тогаш гостинките славеа со 25:22.

Тимот за кој игра македонската репрезентативка Елена Ѓеорѓиевска сезоната имаше 31 победа во низа, па се очекува Подравка да биде прогласена за шампион ако нема услови за доигрување на сезоната.

Сепак, останува бројката од 75 меча без пораз на домашен терен и таа е онаа која го зема сето внимание.