Нексе со буџет од 1,33 милиони евра, ќе гради Арена за 4.000 гледачи

Екипата која игра во СЕХА лигата, Нексе од Нашице и понатаму не може да го симнe ППД Загреб од тронот во Хрватска, но за новата сезона клубот располага со солиден буџет за да можат да бидат конкурентни и во групната фаза од Лигата на Европа.

Нексе влегува во новиот шампионат со буџет од 1,33 милиони евра, а новата информација е дека и ќе се прави Арена во која ќе може да бидат присутни вкупно 4.000 гледачи со што Нашице ќе добие модерен објект. Инаку, за изградбата ќе се користат достапни средства од фондовите на Европска Унија.

Целта на раководството е да го доближи клубот до семејствата и што повеќе дечиња да го засакаат ракометот и да бидат на натпреварите. Клубот планира да се засилува бидејќи дел од играчите си заминуваат, па ќе биде интересно.

Нексе е финансиски потполно независен клуб. Буџетот се движи на ниво од 1,33 милиони евра, а најголемиот дел доаѓа од Нексе Груп, додека 20 проценти се дополнуваат од други спонзори. Десет проценти од приходите доаѓаат од комерцијалните дејности на клубот.