Нексе се збогува со четворица ракометари, двајца ја завршуваат кариерата

Хрватскиот вицешампион Нексе го очекуваат неколку промени во наредната сезона на играчки план. Амбиции на клубот се чекор плус во Европа, а за реализација на таа цел потребни беа промени.

Поранешниот ракометар на Металург, Марко Бувиниќ го напушта тимот од Нашице и од следната сезона ќе го носи дресот на романска Констанца. Бувиниќ со романскиот клуб потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот доколку и двете страни бидат задоволни од соработката.

Нексе го напушта и организаторот на играта, Томи Возаб, кој уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера бидејќи има неколку понуди за странство.

Марко Мрѓеновиќ и Албин Етер ги завршуваат последните обврски кон клубот бидејќи за нив оваа беше последна сезона во кариерата. На натпреварот од домашното првенство против Вараждин, раководството на Нексе им се заблагодари на сите четири ракометари за нивната максимална посветеност кон клубот.