Нексе добива големо засилување – доаѓа поранешен црногорски репрезентативец

Поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Фахрудин Мелиќ откако побара раскин на договорот со Сен Рафаел, наводно поради семејни причини, се врати на Балканот и веќе има нов клуб.

Иако од Нексе нема потврда за трансферот на Мелиќ во нивниот клуб, црногорските медиуми најавуваат дека соработката помеѓу двете страни е веќе договорена и наскоро се очекува промоција на Црногорецот во клубот од Нашице.

Со доаѓањето на Мелиќ, Нексе ќе добие ракометар кој може да игра во нападот и одбраната, но и големо засилување за настапите во рамките од Лига на Европа. Во Нексе на позицијата десно крило настапуваат Милета Фран и Иван Вида. Милета ќе биде надвор од стројот до крајот на сезоната, па Мелиќ ќе му дојде добро во ростерот на тренерот Бранко Тамше.

Мелиќ во својата кариера по три сезони ги носеше дресовите на француските клубови Шамбери и ПСЖ. Беше дел и од Горење Велење, Борац Бања Лука, Босна Сараево и Зрињски Мостар. Од сезоната 2020/21 настапуваше за Сен Рафаел.