Нексе го сруши Загреб – ќе има жестока битка за титулата во Хрватска!

Нексе славеше со 26-23 против Загреб во последното коло од регуларниот дел на плеј-офот и се израмни во меѓусебниот дуел на 1-1 во победи, односно 2-2 во бодови.

Уште на полувремето беше 17-11 и домашните во Нашице го најавија триумфот. Во победата најдобар стрелец беше Јелиниќ со шест гола, а Мелиќ даде пет.

Кај Загреб, Дибиров не погоди ниту еднаш, Чупиќ само два пати, а најдобар стрелец беше Кос со шест гола.

Битката за титулата во Хрватска продолжува веќе наредниот викенд, со серијата од финалето на плеј-офот.

Првак ќе биде екипата што ќе дојде до шест бода во меѓусебните дуели. Сега е 2-2 во бодови, бидејќи Загреб и Нексе си поделија по една победа во регуларниот дел, а серијата може да биде продолжена и до уште четири меча ако биде неизвесно.