Некогаш Скопје беше “главен град” на ракометна Европа, сега Букурешт го презема приматот

Пред само неколку години Скопје беше ракометен центар на Европа но полека нашиот главен град се губи од мапата на ракометна Европа и сè помалку претставници се наптреваруваат во европските купови.

Приматот од Скопје го презема Букурешт кој во следната сезона ќе има три клуба кои ќе играат во Европа. Од нив два се во женска конкуренција Рапид Букурешт и ЧСМ Букурешт во Лигата на шампионите, а исто така и машкиот клуб Динамо Букурешт веќе е пласиран во групната фаза од ЛШ.

Во слична ситуација пред неколку сезони беше Скопје, кога во Вардар и Металург имаше два претставници во Лигата на шампиони за мажи, а исто така и ЖРК Вардар играше важна улога во Лигата на шампиони за жени.

Романските клубови кои ќе играат во Европа се соочуваат со доста проблеми околку салата во која што треба да ги играат натпреварите со усогласување на термините, пишува “Про Спорт”.

Мултфункционалната сала Романците ја користат за секакви настани, репрезентативни настапи во останати спортови и концерти, а предност пред ракометот, романските власти даваат на националните селекции што би можело да биде дополнителен проблем.