Некогаш играше за Металург, сега ќе игра во Втора лига на Србија

Поранешниот ракометар на Металург, Милан Шајин во новата сезона ќе се натпреварува во втората српска лига, во екипата на Пантери. Управата на клубот очекува Шајин да биде големо засилување со оглед на неговото искуство.

Милан Шајин е корпулентен лев бек кој е висок 197 сантиметри  и има 28 години. И покрај тоа што со Југовиќ минатата сезона избори пласман во најдобрата лига, Шајин одлучи да продолжи уште една сезона во Втората лига и го промени клубот.

Шајин беше дел од Металург во 2016 година со кој стана вицешампион на Македонија, потоа играше во унгарски Цеглед каде што замина во Романија, во составот на Динамо Букурешт. Повторно се врати во Унгарија, во Ѓенѓеш каде што имаше доста проблеми со повредите.

Претходно во кариерата Шајин има настапувано за матичниот клуб Врбас, потоа во Сомбор пред да замине во Катар. Со Катар Спорт Клуб го освои Принц Купот, а потоа премина во еден од најдобрите азиски тимови, Ел Џаиш со кој беше победник во Лигата на шампиони на Азија.