Некогаш играше за Кометал Ѓорче Петров, сега стана тренер на машка екипа!

Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Гонџа Нахчиванли, оваа сезона стана предводник на машката екипа на Измир Беледијеспор.

42-годишната Турчинка ја заврши играчката кариера во 2017 година во дресот на нејзиниот матичен клуб Измир, беше дел од тренерскиот штаб на женската екипа, а сега е тренер на машката екипа од Измир.

Нахчиванли беше дел од поранешниот европски шампион две сезони, од 2005 до 2007 година, кога во екипата настапуваше и незјината сонародничка Јелиз Озел.

Покрај за Измир и Кометал ЃП, кое беше единствено интернационално искуство за Нахчиванли, таа играше за Анадолу Универзитет, Турк Телеком Анкара, Генчлик и Муратпаша.