Некогаш беше најдобар светски пикер, а сега спасува човечки животи!

Некогашниот најдобар пикер на светот, Драган Шкрбиќ после завршувањето на играчката кариера се насочи кон сосема различна професија. Во својата долгогодишна кариера настапуваше за многу клубови, но последните шест години е насочен во сосема различен правец, медицината.

Драган Шкрбиќ е доказ дека спортистот после завршување на професионалната кариера мора да продолжи во спортот. Наместо да работи како тренер или друг спортски работник, Шкрбиќ се одлучил да спасува животи. Тој во Србија носи свој тим лекари кои изведуваат најтешки опрерации на рбетот.

Поранешниот пикер има компанија која се занимава со увоз и дистрибуција на медицински средства за ортопедија и неврохирургија како што се протези за колена, за колкови, плочки и штрафови за скршеници и системи за операција на рбетот. Исто така тој е дел и од тимот кој е во операционата сала. Шкрбиќ објасни како дојде до тоа да започне со оваа работа.

„Претседателот на Барселона каде што играв последните шест години работеше за една шпанска фирма која беше увозник и дистрибутер на медицински средства. Во моментите кога ја завршував кариерата, тој ја напушти фирмата и јас и тој формиравме нова. Му реков дека не знам ништо за тоа и дека имам сосема друг планови за животот, но ме убеди дека се може да се научи. Последната година во Барселона почнав да влегувам во таа работа, почнав да читам, да одам во операциона сала, гледав операции и се чувствував како дел од екипата. Имаше ситуации кои беа доста стресни, но контролираме се, бидејќи осввен хирурзи, имаме анестезиолози и неврофизиолози кои го следата поместувањето на кичмата. Научив многу, најголем дел од времето сум во операциона сала, присуствувам на операции и тоа ми е многу интересно, иако звучи грдо бидејќи се работи за човечки животи“, објасни Шкрбиќ за „telegraf.rs“.

Во својата долгогодишна кариера Шкрбиќ настапуваше за Црвена Ѕвезда, Атлетико Мадрид, Целје и Барселона, со кои освои многу титули, а во 2000 година беше прогласен за најдобар светски пикер.