Некогашната вардарка и официјално во Рапид Букурешт!

Како и што се најавуваше поранешната вардарка, Александра Лакрабер од лето ќе ја продолжи кариерата во Рапид Букурешт.

Рапид денес и официјално го потврди трансферот на 34-годишната репрезентативка на Франција која се повлече од националниот тим минатата година. Во редовите на Рапид Лакрабер доаѓа од француски Шамбре, а претходно го носеше дресот Флери Луар клуб во кој пристигна од Вардар и помина две сезони.

За француската репрезентација Лакрабер одигра 256 натпревари и постигна 833 голови. Може да се пофали и со освојување на големи настани како Олимписки игри, Светски и Европски првенства.

За Лакрабер ова ќе биде четврти клуб на меѓународна сцена, откако покрај Вардар ги бранеше боите на шпанската Бера Бера и руската Звезда.