Некогашен член на Металург се раздели од Спортинг Лисабон

Поранешниот среден бек на Металург, Немања Младеновиќ, ја заврши авантурата во тимот на Спортинг Лисабон.

Португалскиот тим го намали буџетот за следната година, си заминаа голем број на ракометари, па ниту српскиот интернационалец не беше исклучок.

По заминувањето од Автокоманда, тој беше член на романската Констанца, а во Спортинг не ја доби посакуваната шанса, па од септември ќе има нов предизвик.

Левото крило Вања Илиќ, кој исто така беше член на Металург, не мрда од францускиот Шарт и го продолжи договорот до 2024 година.