Неготинци со уште еден триумф го потврдија местото во плеј-оф

Екипата на Вардар Неготино дојде до уште една победа во Првата машка лига со која само го потврди своето место во плеј-офот напролет.

Вардар Неготино на свој терен го надигра Делчево Вардар со шест гола разлика, 35:29, откако во првиот дел беше израмнето.

После 16:16 на паузата во вториот дел од средбата неготинци рано почнаа да создаваат предност. Разликата постојано растеше и стануваше јасно дека Вардар Неготино нема да има проблеми за да дојде до победата.

Овој триумф воедно беше уште една потврда за Вардар Неготино и пласманот во плеј-оф лигата напролет.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ВАРДАР НЕГОТИНО            29:35 (16:16)

Сала: СРЦ „Младост“ во Неготино. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Лазаревски, Царовски, Стоиловски 2, Ѓоргиевски 6, Коларски 5, Велков 4, Ѓорѓиев 12.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Димовски, Вељанов 4, Јефремов, Недев, Бој. Трпески 3, Бор. Трпески, Стојанов 8, Пеовски 7, Митевски 1, Најдов 1, Ташев 9, Ѓорѓев 1, Петров, Орешков 1.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 14 мин.