Неготинци сигурни во Гостивар, со нови бодови го зачуваа врвот

Составот на Вардар Неготино продолжи со „чувањето“ на првото место во Групата А од Првата машка лига откако денеска го надигра составот на Јехона со 32:22.

На гостувањето во Гостивар немаше проблеми за неготинци кои и во двете полувремиња постигнаа по 16 гола така што имаа комплетна контрола на резултатот и во ниту еден момент немаа проблеми за да го издржат темпото. Гостите беа во постојано диктирање на ритамот и зголемување на водството кое на полувреме стигна до шест погодоци и резултат од 16:10.

Во вториот дел требаше да се одигра само смирено и да се има контрола на резултатот. Тоа гостите знаеја да го направат и мирно го водеа натпреварот кон крај. Успеаја да стигнат до двоцифрена позитива, а доколку не се опуштеа тогаш на крајот разликата ќе беше и поголема од десет гола. Сепак, и вака со 32:22 победата е висока, а првото место во групата и понатаму зачувано.

ЈЕХОНА – ВАРДАР НЕГОТИНО 22:32 (10:16)

Сала: „Риниа“ во Гостивар. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ЈЕХОНА: Павловски, Димитриески, Јонузи 1, Николоски 2, Салиу 8, Бошковски 4, Селмани 2, Кузмановски, Марковски 1, Емини, Џафери 1, Столески, Живкоски 2, Угриноски 1, Т. Стојаноски, В. Стојаноски

Семерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Недев, Ицев, Митевски, Пеовски 1, Петров 5, Бој. Трпески, Бор. Трпески 1, Кузманов, Ташев 9, Ѓорѓев, Орешков 8, Трајкоски 5, Кочаров 3, Јефремов

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.