На 6 март стартува пресметката за новиот шампион на Македонија (РАСПОРЕД)

Осумте екипи кои се најдоа во плеј-оф групата од Супер машката лига на 6 и 7 март ќе почнат со натпреварите од главната фаза во пресметката за титулата.

Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Бутел Скопје, Пролет, Струга и Еурофарм Пелистер 2 ќе се најдат во трка за трофејот и ќе треба да одиграат 14 кола, а сезната ќе трае со 12 и 13 јуни.

Датумите со комплетниот распоред можете да ги видите подолу, а тоа значи можете да се подготвите и за дерби дуелите кои ќе решаваат за трофејот. Ќе има многу интересни средби, па секако добро е да се има запишано кои се датумите кога ќе дерби пресметки во плеј-офот од Супер машката лига.