На 17 години потпиша за Барса, беше меѓу најголемите таленти – а сега заврши во осмиот тим во Чешка

Поранешниот репрезентативец на Чешка и екс член на Барселона, Михал Касал во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на чешкиот суперлигаш Брно.

Станува збор за клуб, кој моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата во шампионатот на Чешка.

Некогашниот чешки репрезентативец на 17 години направи сензационален трансфер во Барселона од Зубри, но иако му предвидуваа блескава иднина, неговата кариера не одеше според очекувањата.

Потоа играше по една сезона во Целје, Порто, Екс ан Прованс и Гранољерс, а во последните две сезони го носеше дресот на Елбфлоренц Дрезден од Германија.

Раководството на Брно како ново засилување го ангажираше и репрезентативецот на Србија, Марко Дошен, како и ракометарот од Словенија, Лука Кикановиќ.

Екипата на Брно со новите засилувања ќе има голема шанса да обезбеди пласман меѓу најдобрите пет екипи во чешкиот шампионат.