На повидок проблеми за ЕХФ: ЕП во Данска и Норвешка пред празни трибини?!

Данска и Норвешка се домаќини на женското Европско првенство годинава кое треба да се игра во декември. Кризата со коронавирусот може да направи сериозни проблеми на организаторите и натпреварите да се играат без публика.

Претседателот на ракометната федерација на Данска, Пер Бертелсен не ја отфрла можноста првенството да се игра пред празни трибини, но ќе бидат преземени сите активности тоа да се одигра.

„Во ситуација сме кога можеби ќе треба да се игра првенството со затворени врати за гледачите. Тоа е најлош случај, но е една од опциите. Ќе направиме сè што е потребно првенството да се одигра“, рече Бертелсен.

Според проценките на федерацијата на Данска доколку натпреварите се играат пред празни трибини, загубата би била околу 18 милиони евра.