„На Македонија и требаат проекти како Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид, таму 24/7 се мисли на ракомет“

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред стартот на ЕХФ неделата, но сите се уште се под импресии од вчерашната победа на Еурофарм Пелистер 2 над шампионот Вардар.

Селекторот Кире Лазаров го радува победата на битолскиот тим и ја поздрави одлуката на РФМ да ги врати Вардар и Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

„Ме радува многу и допрва ќе ме радува. Проекти како Еурофарм Пелистер 2, Алкалоид и требаат на Македонија, таму се размислува на ракомет 24/7…Треба да се пофали одлуката да ги внесат Вардар и Еурофарм Пелистер во домашно првенство. Доколку не беше така немаше да го имаме она што се случи вчера и да го имаме ова задоволство вие како медиуми и јас како селектор и цела Македонија. Ќе останеше Сеха лига каде нема натпревари и само ќе се тренираше. Ова е за пофалба и се виде дека еден аутсајдер може да победи. Тоа е процес. Тие деца загубија од Тиквеш дома, одиграа нерешено против Струга како гости, а сега го победија Вардар. Ме радува, но сум внимателен. Многу е полесно да се работи со професионалци, испфорилирани отколку со младински категории. Многупати сум кажал дека големите репрезентации имаат систем во кој поставуваат големи имиња на селекторски позиции за работа со младинските категориии тоа не е воопшто лесно. Ова се играчи кои имаат осцилации. Сепак, ова од вчера е за радување. Можеме да зборуваме дека Вардар не бил мотивиран, не бил комплетен, но победа е победа и тоа никој не може да го оспори и треба да им се честита“, вели Лазаров.

Целосната изјава на селекторот може да ја прочитате во продолжение…

Лазаров: Имаме јасна идеја како да одиме напред