На заминувањето кон аеродром – на Крпеж и го украле куферот!

Ракометарката на Ростов Дон, Катарина Крпеж Шлезак имаше стресна ситуација, откако од автобусот во кој биле сите ракометарки на руската екипа и се упатувале кон аеродромот за лет кон Норвешка, бил украден нејзиниот куфер.

Србинката веднаш по стресниот настан реагирала во локалната полиција со поднесена пријава за кражба.

Во нејзиниот куфер буквално имало сѐ – вклучително и нејзината спортска опрема за натпреварот против Вајперс Кристијансад кој требаше да се игра вчера.

Рускиот шампион веднаш по гостувањето кај Мец во Франција, продолжи на ново гостување во Норвешка, но сепак на Крпеж нема да и биде потребна нова опрема.

Во тимот на Ростов Дон имаше позитивни резултати на тестирањето на коронавирус во Норвешка и овој натпревар против Кристијансанд е одложен.