На загревање за натпревар во Финска, се слуша македонски рап! (ВИДЕО)

На натпреварите од финскиот шампионат, на кои домаќин е тимот на Паргас ИФ, на загревањето секогаш се слуша македонски рап.

На загревањето на претпоследната средба од есенската полусезона, меѓу ПИФ и СИФ, играчите се мотивираа со синглот од Слаткаристика – Тик Так.

Во ПИФ оваа сезона настапуваат двајца македонски интернационалци, пикерот Александар Тренчевски и крилото Илија Крстевски, додека претходно членови беа Јане Јанчев, Давид Кузмановски, Андреј Миладиновски и Влатко Тасевски.