На ЕП во Македонија беше меѓу најдобрите, сега не може да си најде клуб

Шампионатот за кадетки одржан во 2014 година во Македонија донесе на сцена голем број на таленти, а златниот медал тогаш им припадна на ракометарките од Романија.

Една од подобрите ракометарки на ова првенство беше Даниела Корбан. Се работи за ракометарка висока 168 сантиметри, но и ракометарка која располага со одлична техника.

Сепак, немаше многу среќа во кариерата. Се повреди веднаш после првенството и тоа на пријателска средба против Норвешка.

Во кариерата го носеше дресот на Корона Брашов, Униреа Слобоција, Залау, ЧСМ Роман… Сепак, во моментов на 24 годишна возраст таа е без клуб.

„Навистина сакам да играм. Го сакам овој спорт, но за жал досега немав многу среќа. Не успеав да најдам тренер кој може да ми влее поголема самодоверба за да можам да покажам многу повеќе и да работам како што посакувам“, вели Даниела Корбан.

Честите повреди и направија проблем околу трансфер за понатаму, па затоа во моментов е беа ангажман.