На ден пред натпревар од СЕХА, останаа без тренер!

На ден пред натпреварот од регионалната СЕХА лига против Загреб, тимот на Металопластика Шабац остана без тренер.

Спогодбено беше прекината соработката со тренерот Веселин Вуковиќ, а оваа одлука клубот ја објави на веб-сајтот.

Како главна причина не се наведени лошите резултати во последно време на некогашниот европски шампион, туку здравствената состојба на Вуковиќ.

До крајот на сезоната на клупата на тимот од Шабац, ќе биде досегашниот асистент на Вуковиќ, Миодраг Кажиќ.

Тој ќе го води тимот против Загреб, како и на осминафиналните двобои против Вардар што ќе се играат на 7 и 8 јуни во Скопје.

Следната сезона веројатно Металопластика нема да игра во СЕХА, бидејќи си ги намали шансите за второ место во српскиот шампионат. Најблиску до место покрај Војводина, е тимот на Партизан.