На Данците не им е сеедно: Ова е најлошата можна група што можевме да ја добиеме!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Избраниците на Данило Брестовац ќе играат во групата 7 против Данска, Финска и Швајцарија.

Селекторот на светскиот првак Данска, Николај Јакобсен, вели дека ова е најлошата можна група.

„Ова е една од најлошите групи што можевме да ги добиеме. Јас повеќе ги сакав Холандија или Полска од третиот шешир. Нe треба да бидеме вознемирени, но имаше други полесни ривали со кои ќе беше подобро да играме. Мило што ќе играме против Финска. Не знам многу за финскиот ракомет, но сега ќе го запознаам. Барем не е најлоша дестинација за патување“, низ смеа вели Јакобсен, кој не ја прокоментира македонската репрезентација.

Македонија и Данска својот двомеч би требало да го одиграат во март следната година.