На Вардар му се смешка осминафинале – можни ривали се Барса, Веспрем, Кил…

Европската ракометна федерација го одложи по вторпат натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар, поради новите ковид рестрикции во Франција, кои не е познато до кога ќе траат. Ако се знае дека Вардар има уште еден натпревар за играње против тимот на Раул Гонзалес, плус уште две средби со норвешкиот Елверум, кој доаѓа од земја со строги протоколи, за очекување е ЕХФ да го активира планот Б.

Во декември минатата година, Извршниот Комитет на европската куќа на ракометот, одлучи дека 4 март е последен рок за одигрување на натпреварите од групната фаза. Тие што нема да се одиграат, ќе бидат регистрирани со службен резултат во зависност од околностите поради кои биле одложени.

Втората одлука беше дека ако има најмалку еден неодигран натпревар од групите, односно регистриран со службен резултат, сите 16 екипи ќе играат во осминафиналето по принципот 1-8, 2-7, 3-6…Јасно е дека до 4 март нема шанси сите заостанати или одложени средби да бидат одиграни, па уште отсега може да се предвиди каква одлука ќе донесе ЕХФ.

Вардар со оглед на тешкиот распоред тешко дека ќе може да напредува погоре од шестата позиција на табелата, па во осминафиналето би можел да вкрсти со Барселона или Веспрем, а тука се уште Алборг, Кил или евентуално Мотор Запорожје. Сепак за ваквата одлука ќе треба да се почека официјализија од ЕХФ наредната недела.

Распоред на натпреварите на Вардар до 4 март

Распоред на натпреварите на ПСЖ до 4 март