НАЈ НАЈ НАЈ… Натпревар: Како Вардар сврте -7 против Барса за финале? (ЛИНК)

Во големиот број на одлични средби во 2019 година еден секако се издвојува особено поради начинот на кој вардарци го одиграа второто полувреме. Се работи за полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн против Барселона на кој после 9:16 во првите 30 минути беше обезбедена победа од 29:27 и беше визирано финале.

Вардар имаше премногу лоша игра во нападот во првото полувреме. Одеше тешко и деветте гола добро покажуваат колку проблеми имаше Вардар во играта.

Меѓутоа сето она што не одеше најдобро во првите 30 минути беше феноменално во продолжението. Одеше сè како што се посакува, а во последните десет минути работите тргнаа уште подобро, па беше нанесен завршниот удар. Од 24:26 во завршницата беа обезбедени 29:27 што покажува колку ракометарите беа ментално силни во тие моменти.

Едноставно 2 јуни беше ден кога сè одеше од рака и кога ракометарите на Вардар беа упорни да успеат во намерата по вторпат да се вратат од Келн со пехарот во што на крајот и успеаја.

Ако сакате денеска да се расположите ракометно можете да го погледнете овој натпревар и да се потсетите на одличните моменти на следниот ЛИНК.