НАЈ НАЈ НАЈ… Колектив: Европскиот првак Вардар беше без конкуренција

Иако во вториот дел од годината тимот на Вардар доживеа пад и не успеа да го одржи нивото во кое настапуваше итајќи кон шампионската круна во јуни, сепак, „црвено-црните“ немаа вистинска конкуренција.

Одработија одлично и успеаја да освојат три круни. Вардар прво се закити со трофејот во СЕХА лигата и тоа во Белорусија на теренот на Мешков Брест одигрувајќи две одлични средби против Мешков Брест во полуфиналет (25:23) и потоа против ППД Загреб во финалето (26:23). Ова беше петта круна за Вардар во осмата сезона со што постави сериозен предизвик за сите учесници во иднина.

Потоа следуваше трофеј во првенството и кикс во финалето од Купот на Македонија каде што Металург успеа да искористи момент и да дојде до трофејот.

Затоа, пак, на Ф4 во Келн беше остварено посакуваното осново беше освоено првото место и сезоната завршена со трофејот кој сите го посакуваат кога стартува Лигата на шампионите во септември.

Оттаму Вардар е најдобриот колектив за 2019 година, а на другите останува во новата 2020 година да се обидат да дојдат до подобар резултат и да внесат малку посилна конкуренција за „црвено-црните“ во годината во која ќе биде навистина интересно.