Најискусните остануваат во Богданци: Нови договори за Стоилов, Паунков, Роглев…

Откако во текот на вчерашниот ден новиот суперлигаш Младост Богданци ја официјализираше соработката со четворицата младинци од сопствениот погон, денеска ги продолжи договорите и со најискусните во тимот.

Тренерот Мите Стоилов ќе ја продолжи и играчката кариера и во следните две години освен на клупата, ќе биде активен и на теренот. Со големото искуство од најдобрите македонски клубови и од странство, Стоилов треба да биде лидер на Младост.

Договор на две години потпишаа и досега стандардните во Првата лига – голманот Горан Паунков, левото крило Илија Динов и десниот бек Никола Роглев.

Повратникот од Германија, десното крило Иван Стојчевски исто така се обврза на двегодишна верност. Во текот на следните денови ќе бидат објавени засилувањата пред стартот на новата сезона во Суперлигата.