Најдоброто од ЕХФ неделата на едно место (ВИДЕО)

Одигрувањето на средбите од 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2022 година и во ЕХФ Еуро купот донесе ново рангирање на ракометарките кои покажаа најмногу на овие средби.

Од ЕХФ подготвија тим на првите две кола. Во најдобрите седум немаше ракометарка од Македонија. Видеото со најдобриот тим на првите две кола может да го погледнете на следниот ЛИНК.

Меѓу најдобрите пет гола во 2. коло се најде и еден од натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија, но тој е дело на Мајда Мехмедовиќ. Иако имаше место и за еден од головите на Ангела Јанкуловска од ЕХФ не се решија репрезентативката на Македонија да ја сместат меѓу најдобрите пет. Головите можете да ги видите на следниот ЛИНК.

И меѓу Топ 5 одбраните нема ракометарка од Македонија. Одбраните се на овој ЛИНК.