Најдобриот фински играч: Го чекам легендарниот Лазаров, да видам колку силен е!

Македонија ќе игра против Данска, Швајцарија и Финска во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Аутсајдер во групата е селекцијата на Финска, а најдобриот нивни играч – Тему Таминен, едвај ги чека натпреварите.

„Пресреќен сум. Сите репрезентации се нови за мене. Има многу големи имиња во сите три репрезентации и едвај чекам да се сретнам со нив. Играчи како Лазаров, едвај чекам да го сретнам, жива легенда, сакам да го видам, да видам колку е силен“, изјави Таминен.

Македонија ќе игра против Финска во првото коло дома, додека ќе гостува кај Швајцарија во второто коло.