Најдобриот стрелец од Мундијалот доби нов договор – не мрда од Нант

Најдобриот стрелец од Светското првенство кое се одржа во Шпанија, Натали Хагман, одлучи да го продолжи договорот со екипата на Нант за уште една сезона. Хагман и раководството на Нант после нејзиниот одличен настап во Шпанија без никакви проблеми ја продолжија одличната соработка.

Репрезентативката на Шведска во францускиот клуб пристигна во текот на 2020 година од Одензе. Искусното десно крило има солидни настапи во францускиот шампионат и на меѓународна сцена, а во сезона 2020/21 заедно со Нант го освоија трофејот во Лига на Европа.

Хагман во својата кариера настапуваше и за екипите на ЧСМ Букурешт, Холстебро, Луги и Никобинг. Од 2009 година е членка на репрезентацијата на Шведска.

На Светското првенство во Шпанија беше најдобар стрелец со 71 гол. На два натпревари на Мундијалот во Шпанија, против Порторико и Казахстан, Хагман постигна 19 погодоци.