Најдобриот стрелец на Мундијалот во Египет има богата понуда од Кувајт

Најдобриот стрелец од последното Светско првенство, репрезентативецот на Катар со кубанско потекло Франкис Марзо е во преговори и има богата понуда од клуб од Кувајт.

Марзо има долгогодишен договор со својот сегашен клуб АлАраби на кој се приклучи во зимската пауза веднаш после Мундијалот во Египет. Според „Hand Goal“ преговорите се во напредна фаза.

Кувајт Клуб на Франкис Марзо му понудил двојно поголема плата од таа која ја прима во Ал Араби, а исто така клубот е подготвен да ја плати оштетата за раскинувањето на договорот кој има важност од пет години.

Марзо беше лидер на репрезентацијата на Катар на Светското првенство во Египет. Иако неговата репрезентација не се прослави многу тој беше прогласен за најдобар стрелец на првенството со 58 голови.