Најдобриот прволигашки стрелец се сели во Косово – Салиу ќе игра за Кастриоти Феризај

Најдобриот стрелец во есенскиот дел од Првата лига и капитен во екипата на Јехона, Адис Салиу во продолжението од сезоната ќе настапува за косовскиот тим Кастриоти од Феризај. Информацијата за неговото заминување во Косово беше официјално потврдена од екипата на Јехона.

Одличните партии на Салиу во Првата лига беа причина да добие голем број на понуди за интернационална кариера. Салиу на вкупно 12 натпревари во Првата лига  постигна 137 погодоци, а составот на Јехона со 18 бодови остана во игра за плеј-оф фазата во прволигашкото друштво.

Екипата на Кастриоти во косовскиот шампионат се наоѓа на 5. позиција на табелата со 14 освоени бодови. Со ангажирањето на левиот бек од Гостивар, Кастриоти ќе има поголеми шанси за подобар пласман во шампионатот на Косово.

Претходно во тимот од Косово, настапуваа уште двајца македонски интернационалци – голманот Кирил Колев и десното крило Пеце Рајатовски.