Најдобриот играч на Олимписките игри стана „лисица“

Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел, кој беше прогласен за МВП на Олимписките игри во Токио, од следното лето ќе има нов предизвик во кариерата.

Десниот бек на ГОГ Гудме го стави потписот на договорот со Фуксе Берлин и од лето ќе се пресели во Бундес лигата.

Тој стапува на сила од 2022 година, а има важност од три години. Гидсел во Берлин ќе го замени Марко Копљар, чиј договор завршува следното лето.

„Бундес лигата е најсилната на светот и направив вистинска одлука да се преселам во Фуксе Берлин. Ми се допаѓа нивниот концепт и сакам уште повеќе да се развивам со тимот“, изјави Гидсел.