Најдобриот дефанзивец од младинското ЕП потпиша за клуб од Лесковац

Екипата на Дубочица од Лесковац, која во продолжението ќе биде предводена од селекторот на машката младинска репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ, пред натпреварите од вториот дел од сезоната ги засили своите редови.

Ново име во тимот од Лесковац е младиот и перспективен ракометар Марко Тасиќ, кој во редовите на Дубочица пристигна од актуелниот шампион на Србија, Војводина.

Левиот бек на Европското младинско првенство за ракометари до 20 години, кое се одржуваше во Португалија, беше прогласен за најдобар дефанзивец на континенталниот собир.

Тасиќ беше и еден од најзаслужните за освоеното трето место на репрезентацијата на Србија на Европското младинско првенство во Португалија.

19-годишниот ракометар сега со актуелниот селектор на младинската репрезентација на Србија освен на репрезентативно ќе соработува и на клупско ниво.