Најголемото трансфер промашување во историјата на Металург има нов клуб

Можеби најголемото трансфер промашување во историјата на Металург, Иранецот Амин Јусуфинеџад, има нов клуб.

Левиот бек со македонскиот тим потпиша договор на три и пол години во 2016 година, но престојот му траеше половина сезона.

Потоа играше половина сезона за туниската Есперанца, швајцарскиот Кринс Луцерн, италијанската Сиена, но никаде не остави голем впечаток.

24-годишниот ирански репрезентативец денеска потпиша на една сезона со романската екипа Дунареа Калараши.