Начевски и Николов ќе му судат на Лазаров во Барса

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за следните натпревари во Лигата на шампионите.

Најдобра судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе делат правда на натпревар од Лигата на шампионите.

Тие се делегирани на натпреварот меѓу Барселона и Нант, кој ќе се игра во „Блауграна“ на 17 февруари од 20:45 часот. Делегат на овој дуел е Шпанецот Хуелин.

Капитенот, а од пред неколку дена и селектор на Македонија, Кире Лазаров, ќе игра против својот поранешен клуб.