Начевски и Николов ќе му делат правда на Веспрем во Лигата на шампионите

Најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов првпат оваа сезона се делегирани на натпревар од Лигата на шампионите.

Станува збор за дуелот од групата Б, меѓу украинскиот шампион Мотор и унгарскиот Веспрем, кој ќе се одигра на 30 септември.

Во Запорожје, покрај македонските арбитри, ќе биде уште едно официјално лице – делегатот Виктор Конопласти од Украина.

Мотор по првите две кола има два порази, додека спротивно Веспрем има две победи во елитната конкуренција.