Начевски и Николов ќе го судат финалето на турнирот во Добој!

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе го суди финалето на ТВ турнирот на шампионите.

Во босанскиот град Добој во финалниот натпревар за трофеј ќе се сретнат шпанскиот гигант Барселона и египетскиот првак Ал Ахли.

Натпреварот ќе се игра со почеток во 20:15 часот, додека во битката за третото место ќе играат францускиот Монпелје и српската Војводина.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе се соочи со хрватскиот Загреб во натпревар за петтото место во Добој од 12:00 часот.