Начевски и Николов со нова задача на ЕП – ќе му судат на олимпискиот првак

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби нова задача на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Македонските арбитри се делегирани од Европската ракометна федерација за средбата меѓу олимпискиот шампион Франција и Исланд.

Нашите судии досега судеа на два натпревари на ЕП – меѓу Германија и Полска и оној меѓу Словачка и Литванија.

Натпреварот меѓу Франција и Исланд се игра во „МВМ Арена“ во Будимпешта со почеток во 18:00 часот.