Начевски и Божиновски ќе судат во квалификациите за Мундијалот

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за Мундијалот во 2023 година.

16 селекции оваа недела ќе го започнат патот Полска и Шведска, а меѓу нив и Турција и Косово.

Нивниот меѓусебен натпревар ќе го судат македонските арбитри Виктор Начевски и Даниело Божиновски, додека делегат е Визитиу од Молдавија.

Овој двобој ќе се одигра на 3 ноември во турскиот град Ескисехир.