Начевски во Загреб, Николовски во Нашице, а Металари во Габрово

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп.

Покрај арбитрите, работа на европските ракометни терени ќе има и за делегатите од Македонија.

Драган Начевски ќе биде делегат на средбата од првото коло во Лигата на шампионите меѓу Загреб и европскиот вицепрвак Алборг што ќе се одигра во Загреб на 15 септември.

Камер Металари е делегиран на реванш средбата од второто коло во Европскиот Куп меѓу бугарскиот Локомотив и романската Баја Маре што ќе се одигра во Габрово на 18 септември.

Ацо Николовски ќе биде делегат на реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Нексе и Силкеборг што ќе се одигра на 28 септември  во Нашице.