Настапот на Мундијалот го искористија за посета на „Камп Ноу“ (ФОТО)

Неколку бразилски репрезентативки го искористија настапот на Мундијалот во Шпанија да го посетат легендарниот стадион „Камп Ноу“.

Бразилките, кои завршија на шестото место на СП, имаа шанса да го посетат и музејот на спортското друштво Барселона.

На „екскурзија“ на „Камп Ноу“ беа Барбара Аренхарт, Лариса Араухо, Адриана Кардосо, Таис Фермо и Џулија Гуареиро.

„Водич“ на бразилската група беше членот на Барселона и бразилски репрезентативец Тијагуш Петруш.