Нант скапо ја продаде кожата, но Барса е Барса

Барса во рамките на 6.коло од Лигата на шампионите на домашен терен ја совлада екипата на Нант со резултат 34-29(16-17). Францускиот вицепрвак имаше одлично прво полувреме и во изедначен натпревар на полувреме замина со гол предност, но во вториот дел полека и сигурно Барса ја градеше својата игра и разлика, а во финишот имаше и „плус пет“, предност со која се заврши овој дуел.

Нант од самиот почеток ја презема контролата над резултатот и воведните минути ги искорсти за предност од плус два, разлика која до средина на првиот дел ракометарите на актуелниот европски шампион ја надоместија, па дури и го преземаа водството. Но ниту двата гола предност за домаќините не беше гаранција за преземање на иницијативата, Нант до крајот на првиот дел ја врати највисоката разлика, а точка на првиот дел стави десниот бек на домаќините Мелвин Ричардсон со гол кој ја намали негативата и ја доближи Барса на минимални 16-17.

Нант бргу го израмни резултатот, а до 39. минута ја врати предноста од „плус два“ (20-22), но Барса не дозволи противникот да се одлепи на овој дуел и во следната минута го врати натпреварот во егал. На средина на второто полувреме, Барса успеа да се врати на „плус два“ (27-25 46′), а во 51 минута Јанц со петтиот гол ја донесе првата предност од три голови 30-27 на овој дуел. Тука беше скршен отпорот на Нант, во финишот Барса дојде и до пет голови разлика, а конечниот резултат изнесуваше 34-29.

Најпрецизен во дресот на Барса беа Фабрегас со 6 и Н’Гесан и  Јанц со по 5 погодоци. Кај гостите Брие постигна 8, а Персон и Ривера по 5.