Нант носи нов играч на местото на Лазаров

Очигледно дека раководството на францускиот Нант се уште го бара вистинскиот наследник на Кире Лазаров.

Швеѓанецот Линус Персон и Шпанецот Хорхе Македа се дуото на десната бековска позиција, а од следното лето ќе им се приклучи и Жулиен Бос.

Францускиот репрезентативец кој во моментов игра за Монпелје, потпиша договор на три сезони, односно од 2026 година.

24-годишниот десен бек освои титула во Лигата на шампионите со Монпелје во 2018 година, а со националниот тим има злато од кадетско ЕП и СП, како и од младинско СП.